Формирани првите Секторски комисии за квалификации


Важноста на Секторските комисии за квалификации како стручни тела  за анализа на состојбата и тенденциите на пазарот на трудот и идентификување на потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството станува се препознатлива и потребна. Токму затоа, според потребите за квалификации во петте приоритетни сектори за квалификации, во периодот од 21 фебруари до 23 фебруари 2018 година се формираа првите пет Секторски комисии за квалификации: Секторска комисија за електротехника, Секторска комисија за лични услуги, Секторска комисија за угостителство и туризам, Секторска комисија за градежништво и геодезија и  Секторска комисија за хемија и технологија.

Изборот се изврши врз основа на усвоени, општи и професионални, критериуми за избор на членови за Секторска комисија. Од општите критериуми членовите поседуваа високообразовна квалификација, најмалку VI А од областа на секторот,  компјутерски вештини и познавање на англиски јазик, а од професионалното искуство поседуваа најмалку 5 години во работно искуство во соодветниот сектор, познавање на занимањата од соодветниот сектор, учество во разни органи тела и комисии од областа на трудот, вработувањето и образованието и учество во разни проекти и развивање на програми.

Задачата на Секторските комисии ке биде во целина да ги анализираат постојните квалификации,  да разгледуваат предлозите за воведување на нови квалификации, но и самите да предлагаат  нови квалификации и да даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми. Како посебна важна задача во процесот на осигурување на квалитет ќе биде учеството во  комисиите за оценување и потврдување на резултатите од учењето (знаења, вештини и компетенции) во неформалното образование и обука.