Обука за членовите на Секторските комисии за квалификации


На 23  фебруари  2018 година се одржа првата обука за членовите на  Секторските комисии за квалификации. На обуката се запознаа со квалификацискиот систем во Македонија и значењето на резултатите од учењето како главен фокус при разгледувањето на Стандардите на квалификации.  На крајот на обуката беа презентирани документите кои треба да ги користат во своето работење.