Првите три квалификации на барање на бизнис секторот


На предлог барање на бизнис секторот, Националнот одбор за Македонската рамка за квалификации, на седницата одржана на 12 април 2018 година ги усвои Стандардот на квалификација Мајстор фризер, Стандардот на квалификација ВЕБ – дизајнер  и Стандардот на квалификација Графички дизајнер. Стандардите на квалификации според описите на нивоата ги распореди на V-то Б ниво во НРК, им додели код и истите ќе бидат впишани во Регистарот на НРК.

Стандардите на квалификации, првично беа разгледувани во матичните Секторски комисии според секторот на кој му припаѓаа и го поминаа целиот процес на осигурување на квалитет. Секторските комисии ја оценија и потребата за ваков  тип  на квалификации.

Стандардот на квалификација Мајстор фризер  беше поднесен од страна на Регионалната занаетчиска комора, додека Стандардот на квалификација ВЕБ – дизајнер и Стандардот на квалификација Графички дизајнер се доставени од страна на Семос компјутерски образовен центар ДОО, Скопје.

Стандардите на квалификациии се изработени согласно Методологијата за развој на стандарди на квалификации и во својата структура ги содржат сите елементи што треба да ги поседуваат ваквите документи.