Усвоени се 36 нови квалификации


Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации на својата деветта седница,  одржана на 19 јули 2018 година, усвои 36 квалификации и донесе одлука за нивно распоредување на нивоа во Македонската рамка на квалификации.

Квалификациите беа изработени во соработка со работодавачите според направената анализа на потребите на пазарот на труд и разгледани од членовите на петтте Секторски комисии за квалификации според секторите на кои припаѓаа: Сектор за туризам и угостителство, сектор за лични услуги, Сектор за електортехника, Сектор за градежништво и геодезија и Сектор за хемија и технологија.