Подготовка за изработка на Стандард на квалификација Воспитувач во предучилишно образование


Со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ, а во насока на засилување на меѓусекторската соработка помеѓу релевантните институции во делот на предучилишното образование, на 23 август 2018 беше одржан консултативен состанок  за изработка на Стандард на квалификации воспитувач, каде што ќе се дефинираат компетенциите за воспитувачи во установите за деца. Врз основа на  Стандардот за квалификација ќе се изработат модули за обуки базирани на резултати на учење и критериуми за постигнатоста на резултатите на учење.

На состанокот, од страна на државниот советник во МОН, г-ѓа Наташа Јаневска, се презентираше структурата и значењето на Националната рамка на квалификации, со посебен осврт на разликата помеѓу квалификацијата, како формален резултат по процесот на учење и оценување, и Стандардот на квалификација, како и разликата помеѓу Стандард на занимање и Стандард на квалификација.  Во продолжение на состанокот се презентираше постапката како се пополнуваат елементите од Стандардот на квалификација.

На состанокот присуствуваа преставници од повеќе институции: Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, професори од високообразовните институции и преставници од УНИЦЕФ.

 

Презентација бр 1. Nacionalna ramka na kvalifikacii

Презентација бр 2. Standard na kvalifikacija