Придобивките од користење на Националната рамка на квалификации презентирани пред бизнис заедницата од Сектор за електротехника, подсектор ИКТ


На 26 септември 2018 година, на конференцијата ,,Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија – Општествени и економски промени” во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), државниот советник во Министерството за образование и наука и координатор за Национална рамка на квалификации, м-р Наташа Јаневска, заедно со бизнис заедницата, учествуваше во панел дискусија за придобивките од воспоставувањето на Националната рамка на квалификации. Во рамките на конференцијата, државниот советник, ја презентираше структурата и улогата на Националната рамка на квалификации како инструмент за воспоставување на рамнотежа на пазарот на труд и понудата на образовните услуги и ги претстави можностите на рамката на квалификации во процесот на преквалификација и доквалификација на кадарот и валидацијата на неформалното учење. Во продолжение на конференцијата се дискутираше за придонесот на факултетите, стручните училишта и понудувачите на образовни услуги во стручното оспособување и зголемување на бројот на ИКТ кадрите во нашата земја.