Значењето на Националната рамка на квалификации во процесот на преквалификација и доквалификација во Секторот за градежништво и геодезија


На конференцијата ,,Пазарно орјентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење”, која се одржа на 27 септември 2018 година,  во организација на Стопанската Комора на Македонија во Секторот за градежништво и геодезија, државниот советник во Министерството за образование и наука, м-р Наташа Јаневска, дискутираше за значењето на Националната рамка на квалификации како инструмент за осигурување на квалитет во стекнувањето на квалификации и начинот на стекнување на квалификации по неформален пат, преку различни видови на обуки и процеси на учење.

Во рамките на конференцијата, пред бизнис заедницата, таа ги презентираше постапките за усвојување и распоредување на квалификациите од овој сектор во Националната рамка на квалификации и процедурите за верификација на програми за обука и верификација на понудувачите на образовани услуги, како услов за признавање на стекнатите квалификации и осигурување на квалитетот на квалификациите.