Информација: 10 години Европска Рамка на Квалификации


Што е ЕРК и како функционира?

– ЕРК е заедничка референтна рамка од осум нивоа, заснована на резултатите од учењето.

  1. 2008 г. започната
  2. 2017 г. ревидирана
  3. 2018 г. 10-годишнина

Рамка од осум нивоа

–  ЕРК ги опфаќа сите видови и нивоа на квалификации и служи како преведувачки уред помеѓу различните национални квалификациски рамки (НРК) на земјите учеснички.

Кои се целите на ЕРК?

– ЕКР има за цел да ги подобри транспарентностa и споредливостa на човековите квалификации.

Исто така има за цел:

  1. модернизирање на системите за образование и обука,
  2. зголемување на можностите за вработување,
  3. мобилност и социјална интеграција на поединци,
  4. поврзување на сите видови учење и
  5. поддршка на вреднувањето на резултатите од учењето.

Што се тоа резултати од учењето?

Резултатите од учењето го изразуваат тоа што од лицето се очекува да знае, да разбере и да е способно да направи.

  1. ја опишуваат содржината на квалификациите, појаснувајќи што се очекува од ученикот.
  2. го поддржуваат развојот во учењето, овозможувајќи споредување и комбинирање на учењето од различни контексти (формално, неформално или информално).

 

Кои земји учествуваат во ЕРК?

  • 39земји кои во моментов учествуваат во ЕРК.
  • 34 веќе ги имаат поврзано своите сопствени НРК со ЕРК.

 

Како се разви EРК?

– Заинтересираните страни од сферата на образованието / обучувањето, вработувањето и граѓанското општество се вклучени во развојот и спроведувањето на ЕРК и НРК.

– Сите квалификации со ниво на ЕРК се поткрепени од механизмите за обезбедување квалитет, за да се осигури дека може да се има доверба во нивната содржина.

 

Социјална Европа

 

Кои се придобивките од ЕРК?

Лицата/Поединците (работници / ученици) можат…

… подобро да ги разберат нивните квалификации во однос на тоа што треба да знаат, да разберат и да се способни да направат.

… да го разберат нивото на нивната квалификација во сите европски земји и каков е нејзиниот однос кон другите.

… полесно да најдат работа или да се ангажираат со понатамошно учење.

 

Давателите нa обука и образование можат…

… многу полесно да ја разбираат содржината, нивото, а со тоа и вредноста на квалификациите на оние кои сакаат да го продолжат своето учење.

… многу полесно да споредуваат и оценуваат квалификации од различни земји и контексти.

 

Работодавачите можат …

… подобро да разберат што потенцијалните вработени знаат, разбираат и се способни да направат.

… многу полесно да ги споредуваат и интерпретираат квалификациите на апликанти од различни земји и институции.

… да ги споредат квалификациите на странските апликанти со националните квалификации, за да се разбере нивното значење и како тие ги задоволуваат потребите на компанијата или на секторот.

 

Телата за признавање на квалификациите можат…

… да пристапат до корисни информации за подобро да ги проценат квалификациите од друга земја, особено во однос на нивното ниво и содржина.

… многу полесно да препознаат странски квалификации.

 

Извори

http://www.cedefop.europa.eu/en/events-and-projects/projects/national-qualifications-framework-nqf/european-inventory

© Европска унија 2018

EMPL-2018-00736-00-00-MK-TRA-00