Националната рамка на квалификации инструмент за осигурување на квалитет


Зголемување на квалитетот и инструментите за квалитет во системот за образование и обука во Југоисточна Европа: Каде сме и каде сакаме да бидеме, беше тема на панел дискусијата на конференцијата ,,Визија за регионална соработка за квалитетно образиование и обука” што се одржа на 26 октомври 2018 година, во Белград, Србија, на која што државниот советник, м-р Наташа Јаневска, го нагласи значењето од воспоставување на Националната рамка на квалификации како инструмент за осигурување на квалитет во образованието и обуката и воспоставување на рамнотежа на пазарот на труд и образовнието и обуката.  Во процесот на осугурување на квалитет, таа, ја истакна комуникативна улога на рамката како средиште за дијалог и  вклучување на сите чинители во процесот на стекнување на квалификации, со посебен фокус на работодавачите и нивното учество во квалификацискиот процес преку: изготвување на стандарди на занимање, стандарди на квалификации, образовни програми, реализација на практичната обука во компанија (учење преку работа) и реализација на завршниот испит во тригодишните квалификации. Како резултат на тоа се поттикнаа реформи во системот на образование и обука, измена на училишната средина за учење, модуларен пристап во програмите, заснованост на резултати од учење и критериуми за оценување, кредитен систем.

 

Националната рамка на квалификации како инструмент за осигурување квалитет поттикна и дизајнирање на процедури, стандарди и процеси за стекнување на квалификации.

Процесот на верификација на образовните програми и институции, акредитација на студиските програми и високообразовните институции и усвојување на стандардите на квалификации според дефинирани критериуми се дел од процесот на осигурување на квалитет.

Преку Националната рамка на квалификации се дизајнираа програми за континуирани обуки на наставници и ментори за практична обука во компаниите и се поттикнува кариерниот и професионален развој.

Советувањето на наставниците од страна на советниците на БРО и ЦСОО и процесите на самоевалуацијата и надворешната евалуација на институциите од страна на посебни тела, како и организирањето на државната матура и завршниот испит се важен дел од процесот за обезбедување на квалитет. Внесените стандарди во Регистарот на Националната рамка на квалификации уште еднаш го потврдуваа процесот на квалитет.

Конференцијата беше организирана од страна на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Република Србија и Иницијатива за реформи во образованието за Југоисточна Европа (Education Reform Initiative of South Eastern Europe (ERI SEE)).

На конференцијата присуствуваа: министерот за образование и наука Република Манедонија, д-р Арбер Адеми, кој имаше свое излагање за реформите во образованието и обуката опфакајќи го основното, средното, високото и образованието на возрасните, како и за признавањето на стекнатите квалификации, министерот за образование, наука и технолошки развој на Србија, Младен Шарчевиќ (Mladen Sarcevic); министерот за образование, наука и технологии на Република Косово; Шукири Бутуќи (Shyqiri Bytyqi); заменик министерот за образование, спорт и млади на Република Албанија, Беса Шахини (Besa Shahini); заменик министерот за финансии и економија на Република Албанија, Дајна Соренсен (Dajna Sorensen) и претставници на министерствата за образование и наука на Хрватска и Црна Гора и федералното министерство за образование и наука на Босна и Херцеговина, како и г-ѓа Антоанета Ангелова-Крстева (Аntoaneta Angelova-Krsteva), директор во Европската Комисија, г-динот Горан Свилановиќ (Goran Svilanovic), Генарален секретар на Советот за регионална соработка, г-динот Џесаре Онестини (Cesare Onestini), директор на Европската тренинг фондација, г-динот  Герхард Ковар (Gerhard Kowar), директор на Култур Контакт и г-ѓа Тина Шариќ (Tina Sharic), директор на Иницијативата за реформи во образованието на Југозападна Европа и преставници од различни тела на ЕК, Европската тренинг фондација, министерства, организации, центри за стручно образование и обука и бирото за развој на образованието.