Валидација на неформалното и информалното учење ,,Проценка во контекст на валидација на неформалното и информалното учење” Втора обука за проценувачите


Со поддршка на Евопската тренинг фондација и Центарот за доживотно учење, во периодот од 29 октомври до 2 ноември, се одржа втората пет дневна обука за проценувачи во фазата на проценка од процесот на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ).

Целта на обуката беше да придонесе кон градење капацитети на обучувачи за ВНИУ проценувачи и да се продлабочи разбирањето за ВНИУ процесот, различните улоги во процесот како и проширување на знаењата за различен пристап на работење за различни прашања, како и комуникација  и работа  на портфолија на ВНИУ.

Учесниците во обуката беа обучувани од страна на интернационален експерт,  Ани Картунен (Anni Karttunen), а беа избрани од разни институции кои ќе бидат вклучени во процесот на валидација (преставници од МОН, ЦОВ, ЦСОО, коморите, Центарот за доживотно учење и отворените граѓански универзитети за доживотно учење), врз основа на дефинирани критериуми.

Програмата  за обука се реализираше со примена на различни активности на учење прилагодени на целта, вклучувајќи и практични вежби за подготовка на портфолио.

На обуката фокусот беше ставен на видовите портфолиа, нивна проценката  и алатките за проценка. Експертот Ани Картунен го потенцираше значењето на стандардите за  квалификации и програмите за обука како главна алатка за проценка – извлекување на информации со користење на сумарни и формативни методи. Во обуката беше истакнато дека вредноста на квалификацијата треба да се потпира на барањата на стандардот, а не на нивото, видот и содржината на процесот на учење, а комуникацијата и извлекување на повратни информации беа дел од поттикнувањето на подинецот во процесот на ВНИУ. Документирањето на информациите и резултатите се неизоставен дел од процесот на валидација и влијае на обезбедувањето на квалитет во процесот на валидацијата која е дел од системот на Националната рамка на квалификации.

На крајот од обуката учесниците се здобија со сертификат во кои беа дефинирани резултатите од учење кои ги постигнаа во текот на обуката работејќи на групните и индивидуалните задачи. После обука учесниците се способни да:

  • демонстрираат добри познавања на предусловите поврзани со развојот на ВНИУ во Македонија;
  • го извршуваат ВНИУ процесот во соработка со другите практичари и чинители во ВНИУ;
  • ефективно и ефикасно да ги применуваат методите за комуникација и методите за добивање повратни информации од процесот на проценка во ВНИУ;
  • да го ценат и да го земаат во предвид концептот на содржаните знаења во процесот на проценка во ВНИУ;
  • независно да користат и
  • развиваат портфолија во процесот на проценка во ВНИУ