Прoмoцијa и рaзменa нa дoбри прaктики вo спрoведувaњетo нa ЕКВЕТ кредитите пoмеѓу Република Мaкедoнијa, Република Финскa и Кралството Дaнскa


Значењето на Националната рамка на квалификации како инструмент за осигурување квалитет и доживотно учење беше една од темите на ЕКВЕТ конференцијата која се одржа на 2 ноември 2018, во организација на Националната агенција за европски програми и мобилност.  На конференцијата, беше истакната улогата на Националната рамка на квалифкации за воспоставување рамнотежа помеѓу образованието и обуката и потребите на пазарот на труд и поттикнување довербата во квалификациите што се нудат и кои ги поседува поединецот, преку единствениот систем за управување со квалитет што го создава Националната рамка на квалификации. 

Државниот советник во МОН, м-р Наташа Јаневска, посочи дека еден од елементите во системот за осигурување на квалитет во рамките на  Националната рамка на квалификации се кредитите во стручното образование и обука (ЕЦВЕТ) со кои се мери потрошеното време за стекнување квалификации, нивна акумулација   и кредитниот транфер систем со кои се овозможува преносливост на кредити за стекнување на квалификации од една институција во друга и од едно во  друго ниво на национално, но и на меѓународно ниво. Тоа овозможува препознавање и признавање на квалификациите на национално и меѓународно ниво.  Истовремено ЕКВЕТ кредитите, го олеснуваат и признавањето на неформалното и информалното учење преку можноста за споредување на резултатите од учење и ЕКВЕТ кредитите.

        На конференцијата беа посочени добри практики  во спроведување на ЕКВЕТ кредитите во Кралството Данска и Република Финска. Во Република Македонија со новите реформи постепено се уредува примената на ЕКВЕТ кредитите, посебно во реформираното 4-ри годишно техничко образование. За таа цел е дизајнирано Упатство за доделување на кредити и поени.