Процес на усогласување со НРК


Започна процесот за усогласување на законите од областа на образованието со Законот за Националната рамка на квалификации и примена на пристапот на резултати од учење во образовните програми и програмите за обуки и критериуми за проверка на постигнатите резултати од учењето за стекнување на квалификација или дел од квалификација кој ќе се одвива во период од  декември 2018 година до февруари 2019 година.

За таа цел во рамките на Министерството за образование и наука е формирана работна група која посветено работи на усогласувањето на Законот за основно образование, Законот за средно образование, Законот за стручно образование и обука и Законот за образование на возрасните.