Развивање систем на осигурување квалитет во стручното образование и обука и Европски кредитен систем во стручното образование и обука


Одржливо, извонредно и инклузивно стручно образование и обука беше тема на состанокот на  Советодавниот Комитет за стручно образование и обука на Европската Комисија, што се одржа на 2 и 3 декември 2018 година во Брисел, Белгија. На состанокот  учество имаше и претставникот  од Република Македонија, м-р Наташа Јаневска,  државен советник во Министерството за образование и наука и член на Националниот одбор за Македонска рамка на квалификации.

Фокусираноста на одржливо, извонредно и инклузивно стручно образование и обука се должи на неговите цели да:

  • поттикнува квалификации, релевантни на пазарот на труд;
  • обезбедува достапност, атрактивност и креативност;
  • поттикнува флексибилност и модулараризација на образовни програми и програми за обука, креирани преку пристап на резултати од учењето, учење преку работа и кредитна вредност;
  • обезбедува интегриран и одговорен систем за обезбедување квалитет;
  • поддржува доживотно учење и ја олеснува мобилноста ;
  • поддржува признавање на претходно учење и валидација на неформално и информално учење;
  • обезбедува важност на преквалификацијата и доквалификацијата  и
  • влијае на употребливоста, одржливоста и унапредувањето на Националната рамка на квалификации.

Интересот на состанокот беше насочен кон Европскиот кредит систем и системот на обезбедување квалитет во стручното образование и обука како елементи на Националната рамка на квалификации. Преку воспоставување на кредитниот систем Националната рамка за квалификации реализира 3 цели:

  1. го подобрува квалитетот и во системот за стручно образование и обука и кај понудувачите на услуги – преку подобрување на механизмите за осигурување квалитет и зајакнување на самоевалуацијата,
  2. го поддржува доживотното учење – преку трансферот и акумулација на постигнатоста на резултатите од учење во различни средини на учење низ земјата и ги надградува признатите квалификации и
  3. го помага трансферот и препознавањето на учењето  стекнато надвор од земјата  (ја олеснува мобилноста).

За воспоставување на кредитен систем во стручното образование и обука беа понудени 5 модели,  движејки се од: ревидирање на дефиницијата на Европскиот кредит систем за стручно образование и обука според препораките на Европската рамка на квалификации и подобрување на инструментот како принцип за флексибилни патишта на учење низ системот; преку примена на препораките на Европската рамка на квалификации за осигурување на квалитет, флексибилност и препознатливост во стручното образование и обука и примена на програми за  претходно  учење како едноставен систем;  до воспоставување на  Европска рамка на квалификации за трансфер на постигањата од учењето и флексибилни патишта за прогресија, вклучувајќи препораки и документи за постигнувањата во формалното и неформалното учење, нивно препознавање и користење и воспоставување доверба во рамката и специфичен јазик и синтакса за пишување на резултатите од учењето.

 

Во однос на осигурување квалитет во стручното образование и обука понудени се 6 модела на имплементација од обично ревидирање на препораките, вклучувајќи ги и индикаторите за квалитет до ревидирање на препораките за воспоставување на систем со сигурни стандарди за квалитет и сертифицирање.

Република Македонија е во фаза на воведување на кредитен систем во стручно образование и обука, посебно во реформираните образовни програми за техничко образование  за што се изработи  Упатство за за доделување на ЕЦВЕТ кредити и поени во стручното образование и обука.