Формирани уште четири Секторски комисии за квалификации


На 11-тата  редовна седница, одржана на 14 декември 2018 година, Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации, донесе одлуки за формирање на четири Секторски комисии за квалификации: Одлука за формирање на Секторска комисија за земјоделство, рибарство и ветеринарство, Одлука за формирање на Секторска комисија за економија, право и економија, Одлука за формирање на Секторска комисија за машинство и Одлука за формирање на Секторска комисија за текстил кожа и други производи кои активно ќе бидат посветени на анализата и одобрувањето на новите квалификации, релевантни за пазарот на трудот. Поради потребата за одобрување на нови Стандарди на квалификации од Секторот здравство и социјална заштита во процес на формирање на Секторската комисија за здравство и социјална заштита.

Членовите на комисиите се претставници на институции и организации кои се поврзани со унапредувањето на системот на квалификации во Република Македонија. Во периодот што следува се планирани обуки за Секторските комисии за квалификации за читање и анализа на резултатите од учењето како основа за стекнување на квалификација.