Усвоени 5 нови Стандарди на квалификации


Националниот одбор за Македонската рамка на квалификации, својата 12-та седница, ја одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија на која, покрај предвидените точки за дискусија, разговараше за улогата што ја има Комората во  процесот на унапредување на квалификацискиот систем и во употребливоста и одржливоста на Националната рамка на квалификации. Во соработка со Комората направена е анализа на пазарот на труд што поттикна дизајнирање на нови квалификации и реформи во стручното образование и обука. Образованието мора да биде флексибилно за да одговори на барањата на работодавачите и потребите на пазарот на труд.

Започнатите реформи во стручното образование и обука и воведувањето на новите квалификации можат да предизвикаат технолошки вишок за наставниците од стручните училишта, беше забелешката на членот од Одборот,  претставник од синдикатот, иако при дизајнирањето на образовните програми, грижата за наставниците и нивните задолженија беше неизоставна.

На состанокот се усвоени 5 нови Стандарди на квалификации  од Секторот градежништво и геодезија и распоредени на соодветно ниво од рамката на квалификации.