Нови квалификации за енергетски ефикасна одржливост


Во рамките на Хоризонт 2020 започна нов проект ,,Пазарно орјентирани вештини за енергетски ефикасна одржливост”, чии промотивни настани и работилници започнаа на 5 и 6 февруари 2019 година во Центарот за трансфер на технологии. Носители се Стопанската комора на Македонија, факултетот за електротехника и информациски технологии и здружението ,,Креација”. Проектот предвидува дизајнирање на нови квалификации и обуки за преквалификација и доквалификација како резултат на новите технолошки промени за стекнување на калитетна квалификувана работна сила и полесно вклучување во работните процеси.

Во рамките на проектот планирани се активности за дизајнирање на нови Стандарди на занимања и Стандарди на квалификации врз основа на кои ќе се изработуваа програми за обуки. Тоа покажува дека се повеќе расте свеста за процесот за осигурување квалитетет и поттикнување на доживотното учење, како можност за стекнување знаења и вештини преку различни патишта и пристапи на учење без разлика на годините, што го овозможува Националната рамка на квалификации.

Користењето на Националната рамка на квалификации овозможува флексибилност во изготвување Стандарди на

квалификации и програми за обука базирани на пристапот на резултати од учење и техничко  технолошките промени.