Предлог за Препораката на Советот на Европската Унија за стручното образование и обука за одржлива конкурентност, општествена праведност и жилавост


Одборот за Национална рамка за кавлификации на својата редовна Осма Седница го рагледа и расправаше по Предлогот за Препораката на Советот на Европската Унија за стручното образование и обука за одржлива конкурентност, општествена праведност и жилавост и известува за следното:

На 1 јули 2020 година, Европската Комисија усвои предлог за Препораката на Советот, за стручно образование и обука (СОО) за одржлива конкурентност, општествена правичност и жилавост.

Комисијата предлага да се заменат препораките на Европскиот парламент и на Советот за воспоставување на Европски кредитен систем за стручно образование и обука (Препорака ECVET за 2009 година) и воспоставување на Европска упатна рамка за обезбедување на квалитет во средното стручно образование и обука (2009 Препорака за EQAVET).

Одредбите и начелата на ECVET кои ќе напредуваат:

– начелото дека квалификациите се состојат од единици на резултати од учење (модуларизација) ќе биде интегрирано и зајакнато.
– средствата за подвижност (на пр. Договор за учење и меморандум за разбирање) кои ја поддржуваат подвижноста на учениците од стручно образование и обука ќе бидат дополнително развивани и ќе се поврзуваат со понатамошниот развој на Еуропас;
– кредитните бодови, воведени со Препораката за 2009 година, се укинуваат. За стручните квалификации на пост-средно и терцијарно ниво, може да се примени Европскиот кредитен трансфер и акумулациски систем (ЕКТС) кој е веќе во употреба.

Работата на обезбедувањето на квалитет во Средното образование и обука (СОО):

– ќе ја интегрира рамката за EQAVET за 2009 година, додавајќи и елементи за квалитетот на резултатите од учењето, сертификацијата и оценувањето, консултациите со засегнатите страни, улогата на наставниците и обучувачите, учењето засновано на работа и флексибилноста на стручното образование и обука.
– ќе го вклучува аспектот на дигиталната подготвеност на системите и установите за стручно образование и обука;
– ќе воведе рецензии за осигурување на квалитет на ниво на систем за стручно образование и обука;
– ќе ги одржува мисијата и функциите на EQAVET националните упатни точки.

Предлогот определува и одреден број начела, што треба да се следат на национално ниво, кои се структурирани околу следниве тематски цели:

1. Стручното образование и обука е пргаво во прилагодувањето кон динамичните промени на пазарот на трудот.

Подобри предвидувања на вештините и механизмите за следење на завршените ученици/студенти како би се одговорило на промените во стопанскиот сектор и занимањата во склад со нив, соодветно да се прилагодуваат и содржините на стручното образование и обука.

Доделување на ниво на автономија на даватели на стручно образование и обука што ќе им овозможува брза реакција на предизвиците со вештини, да нудат програми за брзо преквалификување и да работат во блиски партнерства со работодавачите од јавниот и приватниот сектор

Содржина на учењето и за младите и за возрасните нуди урамнотежен спој на клучни компетенции и повеќе вештини специфични за занимањето.

Програмите за стручно образование и обука на сите нивоа вклучуваат компоненти на учење засновано врз работа за да се обезбеди релевантност на СОО на пазарот на трудот.

2. Прилагодливоста и можностите за напредување се во сржта на стручното образование и обука.

Осигурување на персонализација на програмите за стручно образование и образование сосредоточено на учениците.

Модулирање на програмите за стручно образование и обука и нивно проширување кон повисоко ниво на квалификации и микрокредитиви.

3. Стручното образование и обука е двигател за иновации и развој и се подготвува за дигитални и зелени преоди како и за занимања со голема побарувачка.

Поврзување на СОО со напредните економски стратегии и системите за иновации.

Развој на стручно образование и обука на повисоки нивоа на квалификации и поддршка на претприемништво и почетничките претпријатија.

Промовирање на центри за професионална извонредност поврзани со стратегиите за паметни специјализации и нудењето иновативни услуги.

Вградување на еколошката и општествената одржливост во наставните програми за стручно образование и обука и организациското управување, вклучувајќи и поврзување на аспектот на животната средина со другите области

4. Стручното образование и обука е привлечно и се заснова на современо и дигитализирано изведување на обуките/вештините.

Зголемување на привлечноста на СОО преку иновирање и осовременување на СОО, особено во однос на нови средини за учење, средства и педагогии, со посебен осврт на дигитализацијата.

Осигурување на подобра пропустливост помеѓу системите на образование и обука. Високообразовните програми за стручно образование и обука треба и понатаму да се прошируваат за да ги поддржуваат зголемените потреби за напредни стручни вештини.

Интернационализација и зголемени можности за подвижност на учениците и вработените.

Добро обучени и мотивирани наставници и обучувачи.

Осигурување на висококвалитетни услуги за доживотно насочување.

5. Стручното образование и обука промовира еднаквост на можностите.

Поддршка на различностите и вклученоста како и решавање на родова пристрасност и родово стереотипните избори.

6. Стручното образование и обука е поткрепено со култура на осигурување на квалитет

7. Спроведување на национално ниво

Одржливи партнерства помеѓу сите релевантни чинители, вклучително и јавно-приватно партнерство за да се постигне делотворно управување во СОО.

Најдобро искористување на постојните Европски алатки, како што се „Еуропас“, ЕРК или ЕСКО и максимизирање на синергиите помеѓу нив, исто така, со цел промовирање на меѓусебното автоматско признавање на стручно образование и квалификации/дипломи за обука и резултатите од учењето од периодите на учење во странство.

И покрај тоа што овој предлог на Комисијата сè уште не е прифатен и формално официјален, Одборот оцени дека е потребно по документот да се подготвиме навремено, бидејќи се предвидуваат значајни промени, на кои како Одбор треба соодветно да реагираме. Предлогот посебно може да ги засега, МОН, ЦССО и НАЕОПМ. Се разбира ова во функција на прегледување на образовните политики на национално со оние на Европската унија.