Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21 финансиран од Европската Унија во текот на месец февруари


Активностите кои беа спроведени во февруари претставуваат продолжение на оние кои веќе започнаа. Иако февруари се чини дека е најкраток месец во годината, твининг проектот успешно ги заврши активностите кои беа спроведени во тој месец.

Во периодот од 7ми до 11ти февруари, втората мисија од активност 1.1.1 посветена на преглед на регулативите кои се применливи на национално ниво и во врска со процедури за обезбедување квалитет во високото образование и стручното образование и обука беше спроведена онлајн. Оваа мисија беше одлучено да се спроведе онлајн поради зголемен број на инфицирани од Ковид и ограничувањата за патување на експертите. Странски експерти кои беа одговорни за постигнување на резултатите од оваа мисија беа Видмантас Тутлис (Литванија), Лина Ваиткуте (Литванија) и Славица Алозија Черноша (Словенија) кои го споделија своето искуство и знаење во областа на процедурите поврзани со стручното образование и обука, како и Иева Ваицукевичене (Литванија), Ана Тецилазич (Хрватска), Аурелија Валеикиене (Литванија) и Миле Џелалиија (Хрватска) кои го споделија своето искуство и знаење во делот на процедурите поврзани со обезбедување квалитет во високото образование. Експертите одржаа презентации за системот и процесите кои се применуваат во нивните земји со што потенцираа дека не постои универзално решение и најдобар систем, туку најдобри практики кои лесно може да се прилагодат на национални услови. Беше направена презентација за ESG (Стандарди и упатства за обезбедување на квалитет на Европскиот простор за високо образование) потенцирајќи ја важноста од воведување на стандарди и следење на упатствата кои се дефинирани во овој документ.

                              

Претставници од Центарот за стручно образование и обука, Министерството за образование и наука – Сектор за средно образование, образование на возрасни и доживотно учење, Центарот за образование на возрасни, Биро за развој на образованието, Стопанската комора, Одборот за акредитација, Одборот за евалуација, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, вработени од различни Универзитети како и од Секторот за високо образование во склоп на Министерството за образование и наука земаа активно учество во дискусиите кои се одржаа во Собата за високо образование.

                            

Во периодот од 28ми февруари до 4ти март се одржа првата мисија од активност 1.1.2 со цел да се направи преглед на веќе постоечките/применливите одредници за програмите за високо образование во одредени научни подрачја и нивната усогласеност со барањата на Болоња процесот и Стандардите и Упатствата за обезбедување на квалитет на Европскиот простор за високо образование. Експерти како претставници од Универзитети и од националната агенција за обезбедување квалитет од Литванија ја анализираа моменталната ситуација што се однесува на процедурите во Северна Македонија преку активно учество на релевантни засегнати страни од високото образование. Нора Скабурскиене, Иева Ваицукевичене, Раса Пенкаускиене и Даива Лепаите од Литванија работеа заедно со претставници од домашните Универзитети кои се одговорни за квалитетот на студиските програми во склоп на работилницата која беше одржана на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

                               

Воедно се одржаа состаноци со Агенцијата за обезбедување на квалитет во високото образование, како и посебни состаноци со членови на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација. Еден ден од оваа еднонеделна мисија беше посветен на средба со претставници од Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност кој претставува тело над сите гореспоменати.

                               

На крајот на двете мисии, експертите подготвија извештаи за мисиите. Извештаите кои содржат конкретни препораки и предлози за подобрување беа проследени до сите учесници вклучени во мисиите.

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.