Април 2022 – активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ MK IPA 17 SO 01 21, финансиран од Европската Унија


По сите активности и настани кои се случуваа во март, во април се фокусиравме на активности кои се поврзани со подобрување на дигиталниот аспект на НРК регистарот и стручното образование и обука.

Во периодот од 11ти до 13ти април, се спроведоа две мисии истовремено. Првата мисија од Активност 4.1.3 беше поврзана со пишување на препораки за понатамошно подобрување и поврзување со онлајн платформите на Европско ниво / платформи LOQ, ESCO и EUROPASS.

                   

Странските експерти од Институтот на Република Словенија за стручно образование и обука Уршка Марентич која е и воедно Лидер на компоненти 3 и 4, Ника Мустар и Шпела Погачник Носе ги подготвија препораките за поврзување на платформата на НРК со Европските платформи со цел да се обезбеди поголема мобилност и да се подобрат нејзините функционалности. Претставници од Националната агенција за европски програми и мобилност од Северна Македонија, како и од одделението за НРК и соодветни службеници од Министерството за образование и наука учествуваа на работилницата.

Другата мисија, Активност 4.1.4 беше спроведена целосно онлајн во период од три дена, а поврзана со пишување на технички (препораки) спецификации со цел усогласување на податочниот сет на податоци од регистарот на квалификации со регистарот на податоци за квалификации (QDR). Странските експерти од Франс Компетанс Али Амруш, Оливер Боинон и Кевин Ли заедно со Кети Костовска од Министерството за образование и наука како и Асеко, компанија која е директно вклучена во подобрување на процесот на дигитализација на регистарот на НРК, ги презентираа техничките барања потребни за дигиталниот регистар.

                   

Во текот на оваа мисија се одржаа неколку состаноци каде беа одговорени технички прашања со цел странските експерти да добијат основни информации за спроведување анализа за усогласеноста на структурата на податоци на дигиталниот регистар за НРК со шемата на метаподатоци за квалификации (QMS) од регистарот на податоци за квалификации (QDR) со што би се олеснило признавањето на академските квалификации.

Уште една мисија од активност 1.1.3 поврзана со развој на рамка за обезбедување квалитет во СОО во согласност со Европската рамка за обезбедување квалитет во стручното образование и обука поврзано со Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука од перспектива на доживотно учење беше спроведена во периодот од 24ти до 30ти април. Странските експерти од Литванија Видмантас Тутлис, воедно и Лидер на компонента 1, Лина Ваиткуте и Одета Купетиене, Лидер на компонента 2 направија анализа и критички осврт на постоечката структура на институции, критериуми, инструменти и процедури за обезбедување квалитет во стручното образование и обука преку утврдување на нивната важност за Европската рамка за обезбедување квалитет во СОО.

                              

Претставници од различни институции како Центарот за стручно образование и обука, Биро за развој на образование, членовите на Одборот на Националната рамка за квалификации, Агенцијата за вработување, Занаетчиската комора, ХОТАМ (Здружение на хотелиери и угостителски бизниси), како и претставници од Макстил и Макам-Транс присуствуваа на состаноците. Врз база на прашања од претходно подготвен прашалник, странските експерти ги добија сите потребни информации како основа за анализа, а истовремено споделија практични примери за обезбедување на квалитет во системот на СОО кој се применува во Литванија.

 

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.