Билтен, јули 2022
Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ финансиран од Европската Унија, MK IPA 17 SO 01 21 во текот на јули, 2022
Во текот на јули, како дел од Активноста 1.2.1, првиот нацрт на Прирачникот за методологија и процедури за обезбедување на квалитетот беше изработен од следниве експерти ангажирани во рамки на проектот: Видмантас Тутлис, Аурелија Валеикене, Брижит Буке, Лина Ваиткуте, Одета Купетиене, Лева Ваициукевичиене, Ана Течилажиќ, Славица Черноша и Нора Скбурскиене. Прирачникот е наменет за новите корисници при AQAHE [Agency of Quality Assurance in Higher Education] – Агенцијата за квалитет во високото образование (Одборите) и практичарите од сите институции на високото образование и стручното образование и обука, и содржи практични насоки и препораки како и инструменти за имплементација и изготвување на внатрешни и надворешни мерки за обезбедување на квалитет. Прирачникот ќе вклучува и материјал со содржини што се однесуваат на надворешните референци за програмските резултати од учењето и конкретни активности за изготвување/ревизија на студиските програми.
Согласно потребите на корисниците на проектот, проектниот тим исто така го финализираше преводот на документот со наслов „Стандарди и насоки за обезбедување на квалитет во Европскиот простор за високо образование” (ESG) кој содржи стандарди за внатрешни и надворешни системи за обезбедување на квалитет во високото образование. Преводот е изготвен со цел да се зајакне општото разбирање на обезбедувањето квалитет при учењето и поучувањето во различни земји и кај различни засегнати страни.
Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на Твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.