Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21 во месец октомври, 2022 година


Во текот на месец октомври беа спроведени 2 активности и 3 мисии. Првата мисија од активност 1.2.4 под наслов „Подготовка на прва нацрт верзија на Упатство за развој на високообразовни квалификации од ниво V, вклучувајќи ги институционалните аспекти за одржување, процес на оценување на компетенции и доделување на квалификации“ беше одржана во првата недела од октомври. Беше направен преглед на релевантната законска рамка која се поврзува со кратките циклус студии со цел да се утврди дали постои правна основа за развој на кратки циклус студии во високообразовниот систем на Република Северна Македонија. Беа формирани фокус групи со претставници од Одделението за НРК, од работодавачите кои работат во секторот на хотелиерството и туризмот, ИТ и здравството, од Здружение на занаетчии, од Агенцијата за вработување, како и од Центарот за образование на возрасни со цел да се направи истражување на потребата од квалификации од краток циклус студии. На 5 октомври, беше организиран настан за размена на знаење и искуство што се однесува на политиките на други земји заедно со претставници од ВО и СОО, работодавачи, комори и Одборот на НРК. Експертите направија преглед на општите предуслови за развој на ниво V од ЕРК особено кога станува збор за квалификациите од краток циклус студии, заедничко разбирање на намената и осврт на предностите за различни засегнати страни. Во склоп на овој настан, се дискутираше околу најновите достигнувања на Европскиот простор за високо образование и предуслови за транспарентен и флексибилен високообразовен систем. Освен тоа, беа презентирани различни квалификации од ниво V кои функционираат во Европа и примери за структурата на студиските програми за краток циклус студии од европски земји, како и процесот како кратките циклус студии се воведени во Литванија. Дополнително, се изготви прашалник за подобар преглед на барањата и побарувачката од кратки циклус студии во земјата и истиот беше проследен до високообразовни институции, работодавачи и организации на работодавачи.

                         

Во периодот од 17 до 21 октомври, беше спроведена активност 1.2.6 „Спроведување на анализа/проценка за разликите и потребата од униформирање на називите на квалификација (ИСКЕД полиња/хармонизација и стандардизација)“. Состаноци со членови на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование и министерството за образование и наука беа одржани во склоп на оваа активност. Дополнително беше направен осврт на постоечката класификација на студии, именувањето на квалификациите кои се доделуваат од страна на високообразовните институции и релевантното законодавство со кое се уредува класификацијата и називите на квалификации. Во склоп на оваа мисија, се направија и други состаноци со претставници од државниот завод за статистика и агенцијата за вработување. Целта на состаноците беше тоа на каков начин класификацијата на студиски полиња се користи во различни сектори. Експертите препорачуваат користење на ИСЦЕД наместо ФРАСКАТИ кога станува збор за студиски полиња. Иако, примарната цел на ИСЦЕД е за статистички потреби, може да се користи и за класификација на студиските полиња од прв и втор циклус. Како опција, може да се земе како основа за креирање национална класификација. Од страна на експертите беше направена презентација на неколку национални класификации кои ја земаат ИСЦЕД како основа.

                                            

Во периодот од 31 октомври до 4 ноември, се одржа втората мисија од Активност 1.2.4 Изработка на финална верзија на Упатство за развој на високообразовни квалификации од ниво V, вклучувајќи ги институционалните аспекти за одржување, процес на оценување на компетенции и доделување на квалификации. Беа изготвени насоки засновани на резултати од истражување, дискусии со различни засегнати страни и ставовите на експертите.

                                

 

 

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.