Во текот на ноември, се одржаа две мисии од две различни активности. Во периодот од 14 до 18 ноември беше одржана првата мисија од активност 2.2.2 „Развој на стандарди на високообразовни квалификации кои се засноваат на резултати од учење, во согласност со Прирачникот за развивање нови квалификации за НРК“. Во текот на оваа мисија беше направена анализа на моменталната ситуација околу побарувачката и делокругот на стандардите на квалификации во високото образование. Освен тоа, беа формирани работни групи на земјата корисник кои ќе работат на развивање на стандардите кои се засноваат на пристап од резултати од учење. Експертите одржаа состаноци со работодавачи, организации на работодавачи, комори, здруженија и претставници од високообразовните институции. На крај од мисијата се одржа и состанок со заменик министерот на МОН и раководителот на сектор за високо образование со цел прибирање повратни информации за препораките кои беа изработени. Во текот на состанокот присутните претставници од земјата корисник ги споделија идните планови што се однесува на законодавството поврзано со класификација на студии и регистарот на стандарди на квалификации/занимања и ја изразија нивната подготвеност за спроведување на препораките кои се изготвени во текот на активноста.
На крај на ноември во периодот од 17 ноември до 4 декември, се одржа првата мисија од активност 3.1.1 која беше посветена на развивање и спроведување на Стратегија за комуникација и план за подигнување на свесноста за НРК. Во склоп на оваа мисија, се направи анализа за тоа какво е разбирањето за НРК и дигиталниот регистар на НРК и се направи преглед и оценување на постоечките практики поврзани со комуникација за НРК и дигиталниот регистар на НРК. Експертите одржаа состаноци со претставници од Одделението за односи со јавност и протокол во склоп на МОН, членови на Одборот за НРК, претставници од Центарот за образование на возрасни, Агенцијата за вработување, Коморите и средните стручни училишта во текот на кои се дискутираше за улогата на НРК, целта на комуникацијата, каналите за комуникација и клучните пораки. Беше изработена првата нацрт верзија на Стратегијата за комуникација која ќе биде презентирана на сите релевантни засегнати страни во текот на следната мисија.
Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.