Декември за Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21


Во декември се одржаа две активности: предлог Стратегија за комуникација и план за подигнување на свесноста кој беа подготвени и презентирани на релевантни засегнати страни од стручните и високообразовните институции, Секторот за односи со јавноста и медиуми и Одборот за НРК.

               

Првата мисија од активноста поврзана со пишување на Патоказ за понатамошен развој и спроведување на Националната рамка на квалификации. Во тесна соработка со домашни експерти од МОН, Одборот за НРК, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Центарот за СОО, Биро за развој на образованието, Центарот за образование на возрасни, Одборот за акредитација и Евридика канцеларијата беше подготвена првата нацрт верзија на Патоказот. Освен тоа, експерти од Франција, Литванија и Словенија го споделија своето искуство во процесот на пишување, структурирање и содржина на Извештајот за референцирање кој ќе биде целосно изработен во текот на следните мисии.

                     

Со цел да го означиме успешното спроведување на проектот некаде на половина од неговото времетраење, на 14 декември се одржа 5тиот состанок на Управниот комитет. Г-дин Борчо Алексов, проектен лидер на земјата корисник им посака добредојде на сите присутни и ги истакна најважните резултати постигнати до сега, како на пр. Развивање на Прирачник за сите вклучени страни во процесот на обезбедување квалитет во високото образование и СОО, и Стратегијата за комуникација на НРК. Претставници од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Секторот за централно финансирање и склучување договори и проектниот тим дискутираа за напредокот на проектот и за начините како би се имплементирале резултатите кои се постигнати. Поканетите гости од Националната агенција за европски програми и мобилност одржаа презентација „Кон постигнување еднаквост и инклузија во високото образование во Европа“.

             

 

 

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.