Проект за натамошно унапредување на системот за развој и имплементација на националната рамка на квалификации


Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми се обрати на настанот посветен на започнувањето на новиот Твининг проект: ,,Понатамошно унапредување на системот за развој и имплементација на Националната  рамка на  квалификации,,

New Picture

 Адеми потенцираше дека создавањето на конкурентен европски простор во областа на образованието, економијата и пазарот на трудот бара мобилност на квалификацијата и нивно јасно препознавање и користење од страна на поединците, работодавачите и целата општествена заедница. Затоа и се воспостави Европска рамка на квалификации како нов европски систем на вредности и нов однос кон образованието и обуката, која ќе биде прифатлива како за земјите членки на ЕУ, така и за земјите кои сакаат да се приклучат на европското семејство, рече Адеми.

EU-funded Twinning Project- National Qualifications Framework 067

„Од тука се наметна и потребата за развивање на Национална рамка на квалификации како клучен инструмент за промена во процесот на учењето и обуката и инвестирање во човековиот капитал. Таа е основа за државите да го подготват системот на образование и обука и системот на квалификации за иднината, според општествените и економските потреби на пазарот на трудот и е во согласност со имплементацијата на Препораката на Европскиот парламент и Совет од 28 април 2008 за воспоставување на Европска рамка на квалификации за доживотно учење“, рече Адеми.

EU-funded Twinning Project- National Qualifications Framework 040

Националната рамка на квалификации претставува национален стандард на нашата земја кој го регулира стекнувањето и користењето на квалификациите, засновани на актуелните и идните побарувања на работодавачите за знаење, вештини и компетенции, и ќе овозможи поголема мобилност, како во образованието и обуката, така и на пазарот на труд, додаде министерот за образование и наука.

EU-funded Twinning Project- National Qualifications Framework 075

„Таа е инструмент за комуникација и реформи, алатка за доверба и поддршка на креаторите на политиките, на работодавачите, учесниците во процесот на учење, родителите, носителите на квалификации и останатите заинтересирани страни во градењето на системот на квалификации, преку нивно активно учество. Националната рамка за квалификации во нашата земја, заедно со Законот за Национална рамка на квалификации, е усвоена во октомври 2013 година и затоа нејзината имплементација е една од најдолгорочните стратешки цели на нашата земја“, рече Адеми.

EU-funded Twinning Project- National Qualifications Framework 070

Општата цел на овој проект е да го поддржи процесот на натамошно унапредување на системот за развој и имплементација на Националната рамка на квалификации и нејзино упатување со Европската рамка на квалификации во соработка со конзорцискиот тим на експерти од Полска, Хрватска и Шкотска.

EU-funded Twinning Project- National Qualifications Framework 068

„Процесот придонесува за јакнење на партнерство, на национално, регионално и меѓународно ниво. Токму затоа е и овој проект, поддржан од ЕУ, кој ќе придонесе во имплементацијата на Националната рамка за квалификации преку експертиза и пренесување на искуства и добри практики од други земји“, рече Адеми.

Проектот се состои од три компоненти:

  1. Подобрување или усогласување на релевантно законодавство во однос на НРК
  2. Зајакнување на институционалните капацитети за воведување на НРК
  3. Процес на развој на квалификациите за НРК

Активностите кои ќе се преземат за реализација на трите компоненти беа презентирани од страна на Проектниот лидер г-ѓа Агнешка Доминжак и г-дин Хорациј Дембовски  од Полска, г-ѓа Ана Тецилазиќ Горшиќ од Хрватска и г-ѓа Алин Полтон од Шкотска. За придобивките од Проектот говореше г-ѓа Наташа Јаневска, државен советник во МОН и национален проектен лидер која истакна дека најголема придобивка е  менување на свеста за Националната рамка на квалификации, Идентификација на постојните квалификации земајќи ги предвид сите нивоа на НРК и нивна соодветна распределба. вклученоста на сите заинтересирани страни во процесот на имплементација на рамката, Отпочнување на процесот на формирање на Секторските комисии за квалификации, Сериозен пристап во  процесот на осигурување на квалитет во квалификацискиот систем и развиени водичи и протоколи за осигурување на квалитет се во насока на создавање на функционален и одржлив НРК систем. Целиот настан беше модериран од страна на г-ѓа Нада Стоименова и г-ѓа Беата Балинска, постојани твининг советници од Македонија и Полска.

Презентација