Соработка помеѓу образованието и Секторот за туризам и угостителство


Во соработка со Британскиот Совет се одржа работилница во која прокрај претставници од МОН беа вклучени и  работодавачи и  претставници од средните стручни училишта и универзитетите од секторот туризам, со цел да се нагласи  нивното незаменливото учество во процесот на имлементација на Македонската рамка на квалификации  Со тоа ќе се овозможи лесна препознатливност на претходните и на новите квалификации од страна на работодавачите во земјава и во странство како можност за поголема вработливост на пазарот на трудот.

За да се  постигне целта, на настанот во септември 2016, кој беше под водство на британскиот експерт Стефан Џон, учествуваа претставници од Центарот за стручно образование, Стопанската Комора за Туризам на Македонија, Стопанската Комора на Република Македонија, претставници од средните стручни училишта од Угостителско – туристичката струка од повеќе градови од Македонија и Универзитетот за Туризам и Менаџмент од Скопје.

 Британскиот експерт Стефан Џон сподели најдобри практики од Велика Британија за улогата на работодавачите и за сите кои се вклучени во процесот на образувание и обука во  формалното и неформалното образование, при што голем акцент беше ставен на улогата и важноста од формирање на Секторската комисија за туризам и угостителство во Македонија.

Свое обраќање за значењето на Секторските комисии имаше и Нада Стоименова, советник во одделението за НРК при МОН и член на работната група за имплементација на НРК.

Пишување квалификации

Пишување резултати од учење

Развивање наставни програми – угостителство

Секторски совети за вештини

Стандарди за занимање