Преку конкретни стимулативни мерки до очекуван раст и приход од туризмот во вкупната економија


На покана на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Министерството за економија на РМ, Државниот советник, Наташа Јаневска, учествуваше на Конференција на тема: ,,Преку конкретни стимулативни мерки  до очекуван раст и приход од туризмот во вкупната економија,, што се одржа 6 декември 2016 година, Стопанска комора на Македонија, на која зборуваше за реформите во образованието и обуката во насока на стекнување на подобри квалификации релевантни на пазарот на труд, посебно во секторот за угостителство и туризам, на ниво III, IV и VI од Македонската рамка на квалификации и мобилност на работната сила. Таа истакната дека улогата на сите заитересирани страни во овој процес е од непроценливо значење, посебно од страна на бизнис секторот, во изготвувањето на стандардите на занимања и стандардите на квалификации базирани на резултати од учењето, во дизајнирањето на наставните и студиски програми согласно стандардите, изведувањето на практичната настава кај работодавачите за стекнување на практичните вештини на учениците/студентите,  како можност за обезбедување на квалитетен кадар со подобри квалификации при вработување, во кои не ќе треба понатаму многу да вложуваат.

Главен акцент на конференција беше презентирање на конкретните состојби во угостителство и туризмот, но и перспективите согласно потребите и светските трендови и да се добие одговор како преку конкрени стимулативни мерки да се обезбеди очекуван раст и приход на туризмот во вкупната економија.

На конференцијата покрај членките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, учествуваа преставници од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, од бизнис асоцијациите ХОТАМ и СКТМ, од средните и високообразовните институции и други институции и организации кои во овој период активно работат на преземање одредени мерки во насока на реформирање на секторот угостителство и туризам по разни основи.