Кои се предизвиците и практичните чекори на Националната рамка на квалификации – 2020


Во рамките на Твининг проектот,,Понатамошен развој и имплементација на националната рамка на квалификации, по низа работилници за јакнење на капацитетите на членовите на Националниот Одбор за МРК,  на 17 јануари 2017 во просториите на Сојузот на стопански комори се одржа семинар на тема: ,,Анализирање, развивање и подготвување практични чекори за 2020,,  што беше предизвик за членовите на Националниот одбор на МРК кои учествуваа на семинарот. Семинарот го водea  експертите од проектот: Ајлин Понтон, Шила Дун, Рос Крафорд (Шкотска), и Марта Пониковска (Полска).

На семинарот  се дискутираше по две прашања:

  1. Како би изгледала Македонската рамка на квалификации во 2020 година како успешна рамка на квалификации ? 
  2. На кои приоритети треба да се фокусираме и кои активности треба да се реализираат за тоа да се постигне?  

Членовите на Националниот Одбор за МРК во предизвиците за НРК главен фокус ставија на одржливоста на рамка, нејзината флексибилност и транспарентност за да може секој да ја користи и и силната соработка со сите чинители. Исто така, истакнаа, дека таа треба да биде составен дел (интегрален дел) од системот и  легислативата и да овозможува мобилност од едно ниво во друго повисоко ниво.

Но најважно од се, е да има квалитет преку развиени стандарди за квалитет,  и релевантност на квалификациите според потребите на пазар на труд и потребите на општеството и личниот развој на поединецот.