Национална рамка за високообразовните квалификации: Проблем или Предизвик


Професорите и студентите од факултетот за електротехника и информациски технологии – УКИМ Скопје, на 24 февруари 2017 год. присуствуваа на семинар што беше организиран од Министерството за образование и наука, во рамките на Твиниг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка за квалификација,, на тема: ,,Национална рамка за високообразовните квалификации: Проблем? или Предизвик?, Како да се следи целиот процес?

Семинарот го водеше експертот од Полска и член на Советодавната група за ЕРК при ЕК, проф. Ева Смилетска.

Целта на семинарот беше да се покаже и да се дискутира (врз основа на полските искуства), на кој начин националната рамка на квалификации може да се користи за поддршка на автономија на универзитетите во создавањето студиските  планови / програми.

На семинарот се дискутираше на кој начин може да се комбинираат резултатите од учењето – описите на нивоата во  НРК со други алатки од Болоња процесот во изработка на наставни планови и програми, во примена на ЕКТС, во исполнување на  внатрешните и надворешните барања за обезбедување на квалитет, хоризонтална и вертикална мобилност, признавање на предходното учење и идни препораки за доживотно учење.