Отворени дискусии и консултации за развој на Регистерот за националната рамка на квалификации


Во рамките на твининг проектот ,,Понатамошен развој и имплементација на Националната рамка на квалификации,, во периодот од 19 до 23 јуни, во просториите на Министерството за образование и наука се одржаа консултативни средби со експертите од Полска, Хрватска и Шкотска, Марек Копт, Јуре Билоглав и Франческа Торн и преставници на одделението за национална рамка на квалификации предводени од ИТ – стручното лице за следење на процесот и имплементација на Регистерот на квалификации, Кети Костовска.

На консултативните средби беа презентирани искуства за воспоставување и функционирање на Регистер за квалификации во Полска, Хрватска и Шкотска и се дискутираше за имплементација на процесите при аплицирање за квалификација, како и за пристапот на сите видови на корисници кои ќе бидат вклучени во самиот регистар. Исто така Регистарот на квалификациите беше презентиран и на останатите корисници од другите институции кои се вклучени во самиот процес за развој на Регистерот на квалификации.