Користење на Националната рамка на квалификации како инструмент за доживотно учење


Поддршката на поединецот за доживотно учење како една од важните цели на Националната рамка на квалификации беше дискутирана во рамките на ЕКВЕТ Конференцијата која се одржа на 6 ноември 2017 во организација на Националната агенција за европски програми и мобилност. Важна алатка за да се поттикне доживотното учење во стручното образование и обука се кредитите (европски кредити за стручно образование и обука) со кои се мери потрошеното време за стекнување на квалификации  и кредитниот транфер систем со кои се овозможува преносливост на кредити за стекнување на квалификации од една институција во друга и од едно ниво во  друго.

На конференцијата, беше истакнато дека НРК е национален стандард за воспоставување на системот на квалификации стекнати во Република Македонија, но истовремено преставува инструмент за: систематизирање на квалификациите, прегледност на квалификациите, споредливост на квалификациите, визија и реформи за модернизација на системот за образование и обука, комуникација и заедничка платформа на соработка на заинтересираните страни, рамнотежа помеѓу образованието и обуката и потребите на пазарот на труд и доверба во квалификациите кои ги поседува поединецот, бидејќи се создава  единствен систем за управување со квалитет.

Државниот советник во МОН, Наташа Јаневска, истакна дека корист од употребата на НРК имаат сите: работодавачите и коморите  да  го  согледуваат видот на вештините и квалификациите потребни за вработување, претпријатијата  постојано да ги подобруваат вештините на своите вработени согласно брзите промени на технологијата, Агенцијата за вработување на РМ  да  ги користат квалификациите од МРК, поединците да можат да ја согледуваат врската помеѓу видот и нивото на квалификацијата, за носителите на квалификации  таа е основа за меѓународно препознавање и признавање на квалификацијата што ја поседуваат, за креаторите на политики за образование и обука таа е визија  и реформи  во образованието и обуката и на крај  економијата и општеството, бидејќи квалификациите  во МРК се усогласени со економско социјалните и културни потреби на државата.

        На конференцијата беа посочени добри практики  во спроведувањето на ЕКВЕТ во Република Чешка.

Национална рамка за квалификации инструмент за доживотно учење- презентација