Како да се зборува за Националната рамка на квалификации


Во периодот од 22 – 26 септември 2017 година, во рамките на твининг проектот ,,Понатамошна имплементација на НРК,, се одржаа уште три јавни дебати во Штип, Тетово и Охрид, фокусирани на клучните прашања за натамошно зајакнување на Националната рамка на квалификации.

Главната цел на трите јавни дебати беше да се дисеминираат информации за процесот на развој на НРК и да се вклучат заинтересираните страни во планирањето на нејзиниот понатамошен развој. Јавните дебати вклучуваа три панел сесии.

Првата панел сесија на тема: ,,Како да се зборува за НРК и како истата да се користи?” беше модерирана од страна на г-динот Бранко Алексов, советник во Центарот за стручно образование и обука, а г-ѓа Агнешка Клон Доминчак, експерт од Полска, презентираше искуства од Полска, Шкотска и Хрватска, земји кои имаат изградено заеднички јазик со корисниците на НРК, што доведува до заедничко разбирање на клучните термини што се користат.

Втората панел сесија на тема ,,Кои се придобивките од НРК за локалниот развој?” беше модерирана од страна на г-ѓа Маја Крстевска, советник                                                                                                                                                                                                                               Центарот за образование на возрасните, а г-ѓа Катерина Травинска Конадор, експерт од Полска, во својата презентација ја нагласи улогата на НРК за локалниот развој и развивање вештини и компетенции според потребите на локалниот пазар на труд, посебно преку процесот на доживотното учење, доквалификација и преквалификација.

Третата панел сесија на тема: ,,Како да се изгради доверба во НРК?” ја модерираше, г-дин Борчо Алексов, претседател на Националниот одбор за МРК, а г-ѓа Ружица Бељо Лучик, екстперт од Хрватска, презентираше за аспектите на системот за осигурување на квалитет во контекст на градење доверба околу НРК, кој опфаќа развивање на Стандард на квалификација кој ги содржи резултати од учењето, начинот на оценување на компетенциите и акредитирање на институциите кои нудат образование и обука. Исто така,  експертот од Хрватска, истакна дека треба да се хармонизираа Националната класификација на занимањата и Националната рамка на квалификации  и стандардите за квалификации да вклучуваат компетенции за индивидуален развој и развој на општеството.

Во панел сесиите учествуваа наставници и директори од средните училишта, професори од високообразованите институции, преставници од локалната самоуправа, економските совети, бирото за развој на образованието, државниот и општинскиот просветен инспекторат, комори, организацијата на работодавачи, здруженија, бизнис заедницата и синдикатот.

Дискусиите за време на дебатите покажаа дека постои потреба за разговор и размена на мислења за НРК меѓу засегнатите страни. Имплементацијата на НРК во Македонија е дел од пошироката европска политика и претставува можност за учениците, студентите и за вработените од Македонија да ги препознаат и да признаат нивните квалификации и дома и во странство.

 Сите три дебати заклучоците имаа исти дека НРК е важна алатка за комуникација и за прегледност на квалификациите во РМ и затоа е важно градење на терминологија за да се разберат едни со други, да зборуваат заеднички јазик. Таа воспоставува рамнотежа помеѓу пазарот на трудот и квалификациите, го поттикнува неформалното и доживотното учење и мобилноста и препознавањето.

НРК е инструмент на доверба – сите засегнати страни треба да седат заедно да создаваат стандарди на квалификации, образовни програми за квалификациите кои одговараат на потребите на пазарот на трудот и да ја реализираат потребата за обука, но со изграден систем за квалитет на обуката,.

 И најважно од се, се покажа дека постои голема потреба  заинтересираните страни да разговараат за Националната рамка на квалификации и дека е потребно  нејзино промовирање  преку кампањи, дебати, презентации, семинари и работилници.