Валидација на неформалното и информалното учење Од концепти до имплементација: Обука за проценувачи


Во периодот од 11 до 15 декември, со поддршка од Евопската тренинг фондација и Центарот за образование на возрасните, се одржа петдневна обука на 14 лица за проценувачи во фазата на проценка од процесот на валидација на неформалното и информалното учење (ВНИУ). Обуката имаше за цел да придонесе во организирање на пристапот и градење на капацитетите за спроведување на квалитетна и валидна проценка во рамките на процесот на ВНИУ. Ваквиот фокус претставува придвижување – од рефлексија, подигање на свесноста и концептуализирање до конкретна проверка на процесот и натамошни практични чекори. Ова поместување во целост ја одразува визијата на Центарот за образование на возрасните (ЦОВ) и аспирациите за придвижување на процесот на ВНИУ, фокусирајќи се на процеси и методи за проценка со осигуран квалитет.

Процесот на ВНИУ е дел од принципите и целите на Националната рамка на квалификации за изградба на систем на вреднување на неформалното и информалното учење и затоа фокусот е ставен на осигурување на квалитет на целиот процес и стекнување на дел од квалификација или квалификација која ќе биде дел од Регистарот на Националната рамка на квалификации.

Учесниците во обуката беа обучувани од страна на интернационален експерт,  Ани Картунен (Anni Karttunen), и национален експерт, професорот Огнен Спасовски, а беа избрани од разни институции кои ќе бидат вклучени во процесот на валидација (преставници од МОН, ЦОВ, ЦСОО, коморите, Центарот за доживотно учење и отворените граѓански универзитети за доживотно учење), врз основа на дефинирани критериуми.

Програмата  за обука комбинираше различни активности на учење прилагодени на целта, вклучувајќи и практични вежби и вистински случаи на проценка. Дел од Програмата беше и само-проценка од страна на лицата кои се  обучуваа, како и развој на индивидуални развојни планови за натамошно учење.

На крајот од обуката учесниците се здобија со сертификат во кои беа дефинирани резултатите од учење кои ги постигнаа во текот на обуката работејќи на групните и индивидуалните задачи.

Ø Добро ги познаваат и владеат со предусловите поврзани за ВНИУ во Република Македонија;

Ø Професионално и ефикасно ги применуваат задачите поврзани со нивната улога како ВНИУ обучувачи за проценувачите;

Ø Го спроведуваат процесот на ВНИУ  во соработка со други ВНИУ практичари и релевантни чинители;

 Ø Даваат точни и аналитични повратни информации за процесот на ВНИУ  со цел тој да се унапредува и

Ø Независно го одразува ВНИУ процесот од гледна точка на индивидуален кандидат за валидација.