Национална рамка на квалификации (НРК) е инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во одредена земја, со кој се дава основа за стекнување на квалификации, проодност и квалитет на квалификациите;
Македонска рамка на квалификации (МРК) е задолжителен национален стандард со кој се уредува стекнувањето и користењето на квалификациите во Република Македонија и инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во Република Македонија со кои се даваат основите за прегледност, пристап, проодност, стекнување и квалитет на квалификациите;
Цели на МРК
- јасно да ги дефинира резултатите од учењето;
- да воспостави систем на вреднување на различни квалификации во рамките на целокупниот систем на квалификации;
- да го поттикне и развива учењето во текот на целиот живот (доживотно учење);
- да ги покаже јасните врски меѓу различните делови на образовниот систем;
- да укажува на проодноста и напредувањето (хоризонтално и вертикално) низ и во рамките на сите видови на образование и обука (формално, неформално и информално);
- да овозможи меѓународна споредливост на квалификациите;
- да го промовира значењето на клучните и стручните компетенции;
- да обезбеди мобилност на учесниците во процесот на образованието и обуката, како и вклучување на пазарот на труд на национално и меѓународно ниво;
- да се создаде единствен систем за управување со квалитетот;
- да го изедначи квалитетот на понудувачите на услуги;
- да обезбеди соработка на сите заинтересирани страни;
- да обезбеди усогласеност со економско социјалните и културните потреби на Републиката и
- да биде дел од системот во корелација со развојот на активностите на Европската рамка на квалификации.
Начела на МРК
- резултатите од учењето се искажуваат низ знаење, вештини и компетенции;
- класифицирање на квалификациите во нивоа и поднивоа;
- преносливост на кредити;
- споредливост со Европската рамка на квалификации;
- обезбедување на квалитет во процесот на стекнување и развој на квалификациите;
- обезбедување на услови за еднаква достапност на образование во текот на целиот живот за стекнување и признавање на квалификациите;
- јакнење на конкурентноста на македонското стопанство која се темели врз човечките потенцијали;
- воспоставување на координиран систем на осигурување на квалитет на постојните и новите квалификации;
- изградба на систем на вреднување на неформалното и информалното учење.
Квалификација - дефиниција
Квалификација е формален резултат од процесот на проверка и потврдување кој што е стекнат, кога одговорна институција потврдува дека поединецот ги има постигнато резултатите од учење, согласно утврдени стандарди.
Типови на квалификации
- квалификации на ниво на образование (образовно ниво) и
- стручни квалификации
Нивоа на МРК
МРК содржи 8 нивоа и 6 поднивоа на квалификации.
Секое ниво е опишано со опис на ниво на квалификации.
Описот на ниво е изјава, изразена преку резултати на учење.
Резултатите на учење се изјави за тоа што знае, што разбира и што може да прави учесникот како резултат на формалниот, неформалниот и информалниот процес на учење.
Резултатите на учење се дефинирани преку знаење и разбирање, вештини и компетенции.
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
I |
Поседува основно знаење за функцијата наодредени предмети ипојави со можност да гипримени во практиката идругите дисциплини, а воисто време овозможува инатамошно учење. |
Поседува основни вештини за извршување на едноставни работи.Користи едноставни методи, алати и инструменти со упатства и под надзор.Поседува општи правила накомуникација. |
Извршува едноставнизадачи под директен надзор.Презема одговорност заизвршување на едноставни задачи. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
II |
Поседува основнитеоретски и стручнизнаења потребни запознавање на подрачјетона трудот и може да гипримени при извршувањена едноставни работнизадачи, а во исто време
овозможуваат натамошно
учење. |
Поседува практични икреативни вештини заизвршување на едноставниили помалку сложени и однапред дефинираниработи во познати услови и предвидливи ситуации.Користи едноставни методи, алати, инструменти, уреди иматеријали врз основа на детални упатства.
Комуницира и соработува со одделни лица. |
Работи самостојно вопознати услови подповремен надзор и соограничена одговорностза извршување наработните задачи.Остварува едноставна
комуникација и соработка со дел од вработените во
познати ситуации. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
III |
Поседува теоретски исистематски усвоенистручни знаења, факти,принципи, процеси иопшти концепти заодделно подрачје натрудот или учењето, а воисто време овозможува
натамошно учење. |
Поседува практични икреативни вештини кои овозможуваат решавање на познати (предвидливи) и помалку познати (непредвидливи) ситуации.Извршува работи и задачи кои се со средна сложеност, помалку стандардизирани ирелативно прегледни.Користи различни уреди, алатки, опрема и материјали во процесот на производство и во услугите.Комуницира и соработува со групата. |
Планира, подготвува,организира и ја вреднува својата работа врз основа на однапред дадени овластувања во рамките на делокругот на својата работа.Извршува работи кои несе секогаш однапреддефинирани, со одреденстепен на самостојност и одговорност. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
IV |
Познава концепти,принципи и процеси одучените предмети иобласти.Поседува систематичнитеоретски и стручнизнаења во рамките на
определено подрачје на
трудот или учењето, кои
вклучуваат анализирање
и поврзување на фактите
и теоретските принципи
при извршување на
работата, а во исто време
овозможуваат натамошно
учење. |
Поседува различникогнитивни, практични икреативни вештинизасновани на теоретскизнаења и принципинеопходни за учењето иработата и решавање напроблеми во променливи
услови во одредено подрачје
на трудот или учењето.
Оспособен е да прибира,
анализира, селектира и да
употребува релевантни
информации од различни
извори, алатки, методологии,
техники и материјали во
областа на учењето.
Оспособен е да изведува
сложени постапки и да
употребува методи,
инструменти, алати,
постројки и материјали во
работата.
Комуницира и соработува со
групата во променливи
услови. |
Самостојно ја планира,организира и ја водисвојата работа и вршинадзор на зедничкатаработа.Самостојно извршувасложени задачи и решава
проблеми, прилагодувајќи
го своето однесување во
согласност со дадените
насоки во променливи
услови.
Одговорен е за
сопствената работа,
работата на групата во
насока на вреднување на
резултатите од работата
и унапредување на
квалитетот во согласност
со однапред утврдени
стандарди и критериуми. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
V |
Покажува знаење иразбирање во полето настудирање или работа коесе надградува врз општото средно образование поткрепено со стручна литература.Поседуваспецијалистичко,теоретско и стручно
знаење и разбирање на
одделни основни теории
од потесна научна и
стручна област.
Поседува ограничено
знаење од современите
текови во областа во која
работи или студира кое
дава поддршка на полето
на работа или професија,
можност за личен развој и
основа за натамошни
студии за да се заврши првиот циклус. |
Применува вештини кои сезасноваат на разбирање натеоретските принципи и нанивната примена ворешавањето на проблемитеи во извршувањето насложени и специфични задачи во полето на работа иучење, со избор и употреба
на релевантни податоци,
методи, постапки, техники,
инструменти, уреди, алати и
материјали.
Има вештини за учење за да
може да преземе натамошни
проучувања со определен
степен на независност.
Поседува способност да
општи и расправа со целни
групи од потесната
професија или област на
учење, со колеги, претпоставени и клиенти. |
Има повисок степен налична и деловна одговорност и вреднување на сопствената работа иработата на групата врзоснова на критериумите во областа на трудот.Способен е за пренесување на знаења на другите, организирање, информирање и контролана сопствената работа иработата на другите.
Презема одговорност за
сопствените резултати, но
и поделена одговорност
за активностите,
резултатите и работењето
на другите во групата. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
VI |
Покажува знаење иразбирање во научнотополе на студирање кое сенадградува врз претходното образованиеи обука, вклучувајќи ипознавање во доменот натеоретски, практични,концептуални,
компаративни и критички
перспективи во научното
поле според соодветна
методологија.
Разбирање на одредена
област и познавање на
тековните прашања во
врска со научните
истражувања и новите
извори на знаење.
Покажува знаење и разбирање за разни
теории и методологии
неопходни за пошироката
област на истражување. |
Може да го применизнаењето и разбирањето наначин што покажувапрофесионален пристап воработата или професијата.Покажува способност заидентификација, анализа и
решавање на проблеми.
Способност за пронаоѓање и
поткрепување на аргументи
во рамките на професијата
или полето на студирање.
Способност да прибира,
анализира, оценува и
презентира информации,
идеи и концепти од
соодветни податоци.
Способност да оценува
теоретски и практични
прашања, да дава објаснување за причините и
да избере соодветно решение.
Презема иницијатива да ги
идентификува потребите за
стекнување натамошно
знаење и учење со висок
степен на независност.
Способност да општи и да
расправа за информации,
идеи, проблеми и решенија,
кога критериумите за
одлучување и опсегот на
задачата се јасно дефинирани како со стручна, така и со нестручна јавност. |
Презема одговорност засопствените резултати иподелена одговорност заколективните резултати.Способност за независноучество со професионален пристап во специфични научни и интердисциплинарнидискусии.
Донесува соодветна процена земајќи ги предвид личните,
општествените, научните
и етичките аспекти.
|
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
VII |
Покажува знаење иразбирање за научнотополе на проучување (илистудирање) кое сенадградува врз првиотциклус, применувајќиметодологии соодветни зарешавање на сложени
проблеми како на
систематски, така и на
креативен начин, што
обезбедува основа или
можност за оригиналност
во развивањето и/или
примената на автономни
идеи во контекст на
истражувањето.
Покажува високо ниво на
професионална
компетентност во едно
или во повеќе
специфични научни
полиња.
Поседува знаење од една
или повеќе предметни
области кои, во дадените
научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни
истражувања во тоа
научно поле, како и
способност за поврзување на проширено и
продлабочено знаење во
сродни професии или
научни полиња. |
Способност за критичко,независно и креативнорешавање на проблеми соодредена оригиналност вонови или во непознатисредини и вомултидисциплинаренконтекст, поврзани со полето
на студирање.
Способност за
синтетизирaње и интегрирање на знаењето и
за справување со сложени
прашања, систематски и креативно.
Способност за оценување и
селекција на научни теории,
методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување на нови анализи и решенија врз
научна основа.
Способност за препознавање
на личната потреба за
натамошно знаење и
способност за независно и
самостојно делување при
стекнувањето нови знаења и
вештини во општествени
рамки.
Способност за размена на
заклучоци и предлози со
аргументирање и со
рационално поткрепување на истите како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено. |
Покажува значителнаодговорност за сопствените и заедничките резултати, за водење и иницирање наактивности.Способност за солиднопроценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените иетичките одговорностипри примената на стекнатото знаење и
процена.
Способност за преземање
на одговорност за
натамошен професионален развој и усовршување како
сопствен, така и за групата со која соработува. |
НИВО |
ЗНАЕЊЕ И РАЗБИРАЊЕ |
ВЕШТИНИ |
КОМПЕТЕНЦИИ |
VIII |
Покажува систематскоразбирање на полето наистражување и совршенопознавање на методи ивештини за истражувањево рамките на тоа поле восогласност со највисокитемеѓународни стандарди.
Поседува знаење стекнато со сопствено истражување или работа со кое дава значаен придонес во
професионалното и
научното поле на
истражување, но и во
сродните на него полиња.
Го користи своето знаење
како основа за оригинални
идеи и истражувања кои ги
надминуваат постојните
граници на знаење,
развивајќи нови знаења,
вреднувани на ниво на
национални и на
меѓународни рецензирани
публикации. |
Покажува способност датолкува, дизајнира, применува и адаптирасуштински предмет наистражување со наученинтегритет.Го користи своето знаењекако основа за оригинални
идеи и истражувања кои ги
надминуваат постојните
граници на знаење, развивајќи нови знаења,
вреднувани на ниво на
национални и на
меѓународни рецензирани
публикации.
Способност за критичка
анализа оценување и
синтеза на нови и сложени
идеи неопходни за решавање на сложени проблеми во полето на истражување.
Способност за независно иницирање и учество во национални и во мегународни истражувачки мрежи и настани со научен интегритет.
Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти преку кои ќе генерира ново знаење и вештини за развој на истражувачкото поле.
Се очекува да биде способен да се промовира во академски и професионални рамки и во технолошкиот, општествениот или културниот развој во општество засновано на знаење.
Може да комуницира со своите колеги,пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на својата област на експертиза. |
Презема максималнаодговорност за резултатите од својата сопствена работа, но и за работата на другите во групата.Презема одговорност зараководење со комплексни процеси, со истовремена грижа за професионалниот развој на поединецот и нагрупата во целина. |
Обем на квалификации
Обемот претставува вкупно потрошено време, потребно за стекнување на одредена квалификација. Обемот на квалификациите се определува со број на кредити.
Со кредитот се мери оптоварувањето на кандидатот кој учи со оглед на времето кое е потребно за стекнување на една квалификација, односно за остварување на резултатите на учењето.
- Во високо образование се применува ЕКТС (Европски кредит трансфер систем и акумулирање). Еден ЕКТС кредит опфаќа 30 работни часа во траење од по 60 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- Во стручното образование се применува ЕЦВЕТ (Европскиот кредит трансфер систем за стручно образование и обука). Еден ЕЦВЕТ кредит опфаќа 25 работни часа во траење од по 45 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- МКСОО (Македонски кредит систем за општо образование) се применува во основното образование, гимназиското образование и општообразовните предмети во стручното образование и обука. Еден МКСОО кредит опфаќа 25 работни часа во траење од по 45 минути потребни за стекнување на одредени резултати од учењето.
- За квалификациите кои се стекнуваат врз основа на оригинални научни или уметнички истражувања просечното вкупно потрошено време се искажува со бројот на годините на истражување на работното место.
Обемот на квалификациите за ниво на образование се одредува со најмалку 60 кредити што одговара на една учебна, односно студиска година.
Јавен документ
Јавниот документ е доказ за стекната квалификација и се издава од овластена институција.
- За стекната квалификација на ниво на образование се добива свидетелство, уверение и диплома.
- За здобиена стручна квалификација се добива сертификат.
Поимник