НАЦИОНАЛЕН ОДБОР ЗА МАКЕДОНКАТА РАМКА НА КВАЛИФИКАЦИИ
- врши процена на политиките за образование;
- вработување, доживотно професионално насочување и регионален развој од аспект на развој на човечкиот потенцијал и негов придонес во зголемување на конкурентноста на Република Македонија;
- дава препораки за подобрување во поврзувањето на образованието со потребите на пазарот на трудот;
- донесува одлуки за распоредување на квалификациите во Македонската рамка на квалификации;
- предлага развивање и унапредување на квалификациите до надлежните институции;
- донесува одлуки за усогласување на постојните квалификации со Македонската рамка на квалификации,
- го следи развојот на Македонската рамка на квалификации во целина, – развива и усвојува методолошки документи за класифицирање на квалификациите,
- формира секторски комисии за квалификации,
- утврдува соодветни критериуми за работата на секторски комисии за квалификации и дава насоки за нивното работење,
- одлучува за дефинирање на потсекторите, областите и подобластите во рамките на секторите на квалификации,
- разгледува и усвојува извештаи доставени од секторските комисии за квалификации и
- дава препораки за работењето на секторските комисии за квалификации, врз основа на доставените извештаи.
Членови на Националниот одбор:
- двајца претставници од Министерството за образование и наука
и по еден претставник назначени од:
- Министерството за труд и социјална политика,
- Центарот за стручно образование и обука,
- Центарот за образование на возрасните, –
- Бирото за развој на образованието,
- Националната агенција за европски образовни програми и мобилност,
- високообразовна установа, кој го предлага Интеруниверзитетската конференција,
- Стопанската комора на Република Македонија, Сојузот на коморите на Република Македонија, Комората на занаетчиите на Република Македонија и Стопанката комора на северозападна Македонија,
- Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија
Критериуми за назначување на член на Националниот одбор:
- завршено високо образование и
- најмалку пет години работно искуство во струката од кои две години во областа на доживотното учење и квалификациите.
Претседателот и членовите на Националниот одбор се назначуваат за четири години.
СЕКТОРСКИ КОМИСИИ ЗА КВАЛИФИКАЦИИ
- ја анализираат состојбата и тенденциите на пазарот на трудот,
- предлагаат квалификации за сектор/потсектор на квалификации од I до V ниво, односно за научно подрачје, поле и област за квалификациите од VI до VIII ниво,
- ги анализираат постојните квалификации,
- вршат евалуација на постојните квалификации,
- ги идентификуваат потребите за сите видови на квалификации во согласност со потребите на пазарот на трудот и општеството во целина,
- разгледуваат предлози за воведување на нови квалификации,
- предлагаат приоритети во развојот на нови или дополнување на постојните квалификации,
- го подготвуваат основниот профил на квалификацијата,
- даваат мислење за усогласеноста на стандардите на занимањата/стандардите на квалификации со испитните програми,
- формираат комисија за оценување и потврдувањето на резултатите од учењето (знаења, вештини и компетенции) во неформалното образование и обука,
- ги промовираат секторите на квалификации и можностите за вработување во нив и доставуваат годишни извештаи за својата работа до Националниот одбор
Членови на Секторската комисија за квалификации:
- член од надлежното министерство,
- Министерството за образование и науката,
- здружението на работодавачи од соодветниот сектор,
- репрезантативниот синдикат на вработените од соодветниот сектор,
- универзитетите,
- Центарот за стручно образование и обука,
- Центарот за образование на возрасните,
- Бирото за развој на образованието и
- соодветното тело надлежно за регулирани професии (адвокатска комора, лекарска комора, инженерска комора и друго).
Претседателот и членовите на секторската комисија за квалификации имаат мандат од четири години.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
- дава насоки за развој на стандардите за квалификации,
- ја поврзува Македонската рамка на квалификации со Европската рамка на квалификации и со Квалификациската рамка на европскиот простор на високото образование,
- ја следи примената и развојот на националните рамки на квалификации во други држави и
- ја информира јавноста за стручни прашања поврзани со Македонската рамка на квалификации
МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА
- вооспоставува и развива систем за добивање на информации за сегашните и идни потреби на пазарот на трудот и потребните компетенции,
- собира податоци за промени на компетенциите за потребни занимања,
- предлага развој на стандарди на квалификации и стандарди на занимања според потребите на пазарот на трудот,
- учествува во изработката на стратешки документи и анализи за развојот на Македонската рамка на квалификации со цел за зголемување на вработувањето и развојот на конкурентноста на Република Македонија,
- развива методологија за изработка на стандарди на занимања и
- го следи вработувањето на лица со здобиени квалификации.
ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА, ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ и БИРО ЗА РАЗВОЈ НА ОБРАЗОВАНИЕТОразвој на квалификациите од I до V-Б ниво
ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИразвој на квалификациите од V-А до VIII ниво