Квалификации


Образец стандард на занимање

Образец стандард на квалификациии

Занимање

Збир на работи и задачи кои по својата содржина и вид се толку организациски и технолошки сродни и меѓусебно поврзани што може да ги извршува едно лице кое поседува соодветни знаења, вештини и компетенци.

Стандард на занимање

Документ кој ја опишува содржината на квалификацијата на одредено ниво и го одредува  потребното знаење, вешттини и компетенции кои поединецот треба да ги поседува за да биде способен да изведува работни задачи во рамките на занимањето.

Стандард на квалификација

Стандардизиран опис на квалификацијата и означува клучен дел од содржината и структурата на одредена квалификација. Ги вклучува сите информации потребни за одредување на нивото, бројот на кредити и секторот на  квалификацијата и податоци потребни за осигурување на квалитетот на стандардот на квалификацијата.

Стандардот на квалификација ги содржи следните елементи:

  • Назив на квалификација
  • Тип на квалификација
  • Ниво или подниво на квалификација
  • Код на квалификација
  • Кредитна вредност на квалификација
  • Опис на квалификација
  • Содржина на квалификација (услови за упис/запишување, број на задолжителни и изборни предмети односно модули, резултати од учење, метод на верификација и критериуми за оценување на резултатите од учење).

 

Образецот на Стандардот на квалификација се состои од следните елементи:

  • Назив на квалификација
  • Код на квалификација
  • Тип на квалификација
  • Ниво или подниво на квалификација
  • Сектор на квалификација (за високообразовните квалификации се наведува научното поле согласно Фраскатиевата класификација)
  • Стандард на занимање на кои се базира квалификацијата (освен за општообразовната и високообразовната квалификација)
  • Кредитна вредност на квалификација
  • Опис на квалификација со образлижение (се образложува потребата од донесување на квалификацијата)
  • Клучни компетенции
  • Обем на квалификацијата (вкупно кредити и времетраење)
  • Критериуми за влез или упис
  • Листа на задолжителни модули на квалификации или предмети
  • Вкупен број на часови и кредити
  • Листа на изборни модули на квалификации или предмети
  • Вкупен број на часови и кредити
  • Резултати од учење
  • Начин на проверка и критериуми за проверка на резултатите од учењето
  • Вид на завршна јавна исправа
  • Институција која ја издава јавната исправа
  • Проодност
  • Датум на донесување на стандардот на квалификација
  • Датум на последна ревизија